503
Ќе има ново стабилно мнозинство, најави лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села во гостувањето на емисијата „Клик плус“.
Според него, „коалициските партнери на Заев нема да сакаат да одат со Заев на наредните избори, затоа што гледаат дека Заев тоне“.
-Тие имаат и пратеници сега. Ние ќе создадеме ново мнозинство, вели Села.
Тој посочи дека премиерот Зоран Заев не дозволувал демократија во албанскиот политички блок, стегајќи ги ДУИ, кои се 20 години на власт.
-Заев во 2015 година ни кажа демократија затоа што 10 години нема промена на власта. Е тој Заев денес не дозволува демократија кај Албанците, овозможувајќи една иста партија ДУИ, да биде 20 години на власт. Албанците бараат демократија, и таа ќе дојде, порача Села.