Градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села проговори за личната, партиската или бизнис корист кои ги премолчувал. За некого бунтовен, но во суштина коректен, доблесен и пред се човек, Села проговори отворено за недоразбирањата со Мендух Тачи, неговото гледиште за политичко – безбедносната состојба во Македонија, комплетно партизираната држава во сите сегменти на опшественото живеење.

Села проговори како општина Струга е комплетно изолирана од државната власт во сите сфери, но сепак и покрај големата опструктивност, тој за две години вратил поголем дел од наследениот долг од неговиот претходник. Меѓуопструкциите се: прскање против комарци и пеперутки секаде низ Македонија, но не и во Струга , зашто таму комарците и пеперутките биле антички, под заштита, со што граѓаните на Струга ги поставиле во категорија на граѓани од втор ред.
Струшкиот градоначалник интервјуто го даде за Vox populi Live TV и за Охридскај.