197
На денешниот четврти конгрес на Алијансата на Албанците Зијадин Села е избран за претседател на партијата, а од функцијата е разрешен Арбен Таравари. Конгресот заврши, а се очекува Села да даде изјава за медиумите.
Во петокот во Скопје конгрес одржа крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари, а тој беше реизбран за претседател на партијата.
Расколот во партијата почна откако Таравари објави дека ќе ја поддржи албанската опозоција на изборите, а Села рече дека партијата не е консултирана и дека тие ќе одат на избори самостојно.