Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, уште еднаш повтори дека Бугарија очигледно е дека има територијални претензии кон С. Македонија.
Исто така, тој посочи дека полтичките случувања во регионот ја враќаат темата на почетокот од 20. век, и оставаат печат на евроинтегративните преговори.
„Темата што ја отвори Бугарија во последно време, со неприфаќање на македонскиот идентитет и јазик, од моја гледна точка, тоа што не се кажува во овој случај, е дека Бугарија и натаму има територијални претензии кон Македонија“, вели Зијадин Села.
Лидерот на Алијансата, посочи дека истите предизвикуваат загриженост и училишните текстови кои ги учат младите Македонци за Албанците, како дојден народ, и обратно, се лаги кои ги изучуваат учениците Албанци.
„Ние и натаму живееме овде во Македонија како привремен народ со историја што ја изучуваат децата Албанци и која нема врска со нашите преродбеници туку има врска повеќе со лажната историја која им се наметнува ним“, додава Зијадин Села.
Зијадин Села покрај тоа посочи дека спорот Скопје- Софија, во основа го содржи прашањето за неколку историски ликови, но проблемот е поголем од тоа, а албанскиот политички фактор воопшто не учествува на теми од ваква важност.