160
По вчерашните предвремени парламентарни избори во Косово, на социјалните мрежи реагираше и лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села. Тој објавувајќи и слика на Фејсбук со лидерот на Самоопределување, Албин Курти напиша дека Албанците во Косово се определија за основната вредност на демократија – Промената. Тој му честиташе диретно на Курти и неговата партија.
„Албанците во Косово денеска се определија за основната вредност на демократија – Промената. Честитки Самоопределување, честитки Албин. Дојде денот да ја носиш на твоите рамена тежината на развојот и напредокот на Косово, да ја вратиш надежта“, напиша Села на Фејсбук.