Села за Тарвари: Можеби се движи во насока да биде потпретседател на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

од Milan1
71 прегледи

Претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села денеска одговорајќи на новинарско прашање за тврдењата на Арбен Таравари дека ги има печатите, одговори дека уште се чека на исходот во врска со печатите на партијата. Според Села, најдобар „печат“ на партијата е гласот на делегатите на Конгресот, кои исто така се потпишаа за Таравари да биде разрешен од функцијата претседател на партијата.

-Вие сте ги слушнале изјавите на Тараври дека вршиме притисоци. Јас прашувам кој е тој што врши притисоци? Алијанса за Албанците не врши притисоци. Таравари тврдеше дека партијата не е печатот, седиштето или возилата кои ги има партијата, туку народот. Сега, кога ги загуби и членството и народот преку гласови, и на претседателски и на парламентарни избори, кога загуби во неговата Општина, на неговото гласачко место, вели дека ги имал печатите на партијата. Оваа партија не е формирана од фотељи. Оваа партија е формирана преку членството на партијата, преку активизам во секое село, населба, изјави Села пред почетокот на централното Собрание на партијата.

Според Села, самиот факт што во програмата на Владата нема ниту еден збор од програмата на Влен, докажува дека Алијанса за Албанците не е во коалиција со Влен, туку таму е само Таравари. Села додаде дека целта е Тараври да стане министер за здравство и да ги остварува неговите лични интереси и интереси на луѓе кои го опкружуваат.

– Неговата цел е да биде само Арбен Таравари и никој друг. Можеби се движи во насока да биде потпретседател на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тоа е негов личен избор. Алијанса за Албанците секогаш кога била дел од власта, но и во опозиција, знаела да остварува делови од политичката платформа, вели Села.

Села додава дека Таравари разрешува директори Албанци, укинува договори на граѓани кои носат плата дома а од друга страна, посочува, приоритет му е паркингот во Клиничкиот центар.

Прашан колку се единствени сега пратениците на Алијансата за Албанците и какви се односите со ДУИ, Села одговори дека Алијансата за Албанците е соединета, а сите пропаганди и спинови кои се пишуваат во порталите, имаат за цел да внесат недоверба во партијата.

-Пратениците на Алијанса за Албанците се тука. Алијанса за Албанците е соединета. Сите овие пропаганди и спинови кои се пишуваат во порталите имаат за цел да внесат недоверба меѓу нас. Ние сме навикнати на вакви специјални војни кои се прават меѓу нас, бидејќи и во минатото имаше такви муабети, дека од Алијанса за Албанците ќе излезе овој или оној пратеник. Во тоа ништо немаше вистина, и за жал излезе претседателот на партијата, рече Села.

Села потврди дека Алијанса за Албанците е во коалиција со други политички чинители во Европскиот фронт.

-Алијанса за Албанците е во коалиција со Европскиот фронт и ние сме се изјасниле околу таа работа. Даден збор на Алијанса за Албанците е даден збор. Тоа го знаат сите политички чинители, нашите политички противници, а тоа го знае и обичниот гласач. Ние секогаш знаеме да реализираме, додаде Села.

Слични содржини