„Тоа што го прави опозицијата е вршење активности што идат во правец на анулирање на Законот за попис, односно повикување на бојкот“, вели заменик-директорот на Државниот завод за статистика, Илми Селмани.
Според него, пописот е таков процес, каде што нема или/или.
„Или добиваме сите или губиме сите. Не добива само власта или само опозицијата“, појасни Селмани.
На прашањето дали е потребен двоен потпис на крајниот резултат на пописот, Селмани посочува дека пописот е тежок и сеопфатен процес и не е реално да се остави само на еден човек да биде одговорен, мислејќи на директорот на ДЗС.
„Покрај тоа, ние сме врзани со закон и не е убаво да се кажува дека ние сакаме да го местиме пописот. Едноставно, ова е сериозен оперативен процес“, рече заменик-директорот.