Селектирај информации и избегни депресија

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Во време на глобализација, информациона доба, човекот не секогаш може да се соочи со предизвиците, а често се наоѓа пред избори кои можат да го отргнат од неговиот фокус на интереси. Во последните истражувања за депресијата и ескејпизмот како засолниште од непознато искуство, се вели дека недостатокот на храброст и упорноста се главните причини за неразумно и нелогично донесени одлуки.

Зошто луѓето се помалку се посветени на единствени активности, е достапноста на голем број на информации кои му даваат можност на вашиот мозок постојано да доживува различна реалност, а со тоа и да се соживее со нови искуства кои не секогаш му носат стабилност. Самоконтролата и упорноста се многу важи за истрајноста, а желбите кои секој ден можат да ве отргнат од она што навистина го сакате мора да ги селектирате и добро анализирате. Не заборавајте да побарате помош ако се чувствувате изгубено и депресивно.