Фудбалската репрезентација на Украина се пласираше во финалето на европските дополнителни квалификации за Светското првенство во 2022 година, откако ја совлада Шкотска со 3-1 во полуфиналниот натпревар на Хемпден Парк во Глазгов. Украина ќе игра за последниот европски билет за Катар во недела на 5 јуни во Кардиф против Велс. Веднаш по натпреварот, селекторот на Украина Олександар Петраков го коментираше натпреварот.
„Оваа победа не е за мене или за тимот, туку за нашата земја. Ова е голема победа за Украина. Тоа беше тимски напор. Ова беше за сите што гледаа од дома, за луѓето во вооружените сили, за војници во рововите и ранети луѓе во болници. Игравме за оние кои ја пролеваат својата крв и за оние кои страдаат во Украина секој ден. Ќе направиме се во Велс за да го направиме украинскиот народ горд“, рече Петраков, заблагодарувајќи им се на Шкотите за нивната поддршка.
„Вчера наутро шетав низ Глазгов и некои шкотски навивачи ми пријдоа веднаш штом ме видоа да ми посакаат среќа. Само сакам да кажам – ти благодарам Шкотска! Тоа никогаш нема да го заборавам и секогаш ќе те носам во моето срце“.