390
Oдамна е познато дека една од првите улоги што ја имаше Селена Гомез беше во серијата The Suite Life of Zack and Cody, но ова искуство беше едно од најлошите во нејзиниот живот – од повеќе причини.
Во моментот кога ја добила улогата, Селена била лудо вљубена во Кол Спраус.
„Бев опседната со таа серија и мислев дека сите ние ќе бидеме заедно еден ден“, призна таа во неодамнешното интервју. Меѓутоа, кога требало да се запознае со него, дознала страшна вест: според сценариото за епизодата во која играла, требало да го бакне неговиот брат Дилан.
„Го бакнав неговиот брат, а не го бакнав него“, рече таа. „Тоа беше мојот прв бакнеж. Еден од најлошите денови во мојот живот“, рече таа.