Пејачката Селена Гомез изјавила дека лажела дека на неа не влијаат негативните коментари за нејзиниот изглед. Таа признала дека плачела поради ваквите грди коментари.
-Лажев. Ќе седнев на Интернет, ќе објавив слика и си велев: „Не е важно. Не го прифаќам тоа што го велите“, изјавила пејачката во документарната серија „Dear“.
Гомез, која е редовно критикувана за нејзиниот изглед во последниве години, рече дека се преправа дека не е засегната од коментарите на Интернет и понекогаш оди во својата соба да плаче затоа што „никој не заслужува да слуша такви работи“.
– Објавував дека не ми пречат коментари само затоа што не сакав да им пречат на другите луѓе кои го доживуваат истото. Да се критикува некого поради неговиот изглед, кои се или кого сакаат, едноставно не е фер, изјавила Селена.
Во 2014 година, на Селена ѝ беше дијагностицирана болеста лупус, поради што почна да зема лекови кои предизвикуваат промени во тежината.
– Ми беше срам што се здебелив поради болеста, рекла Селена.
За потсетување, Селена редовно објавува нефилтрирани фотографии од себе и зборува за флуктуации на тежината и проблеми со менталното здравје. Таа еднаш рече дека мисли дека е „совршена таква каква што е и не дозволува никој да ѝ каже поинаку“.