Селфи од Марс: „Поздрав од кратерот Езеро“

од Vladimir Zorba
342 прегледи

Откако пред неколку дена, малиот хеликоптер „Ingenuity“ успешно се одвои од роверот „Perseverance“ од кој беше дел, сега успеа да ја направи својата прва „селфи“ фотографија од Марс, објави НАСА.

„Роверот“ ја користел роботска рака за да ја направи фотографијата, на која всушност и се придружуваат 62 единечни слики. Покрај „Perseverance“, во преден план може да се забележи „Ingenuity“ на растојание од околу четири метри

Хеликоптерот, тежок околу 1,8 килограми, треба да го изврши својот прв лет на Црвената планета во наредните денови. Се очекува да достигне висина од околу три метри во првиот пробен лет, а потоа да остане на едно место околу триесет секунди пред да се спушти назад на површината на Марс.

Тој лет ќе биде првиот контролиран лет на друга планета.

Хеликоптерот се напојува со литиум-јонски батерии, а се очекува „Ingenuity“ да направи уште неколку пробни летови за околу еден месец.

Тој пристигна на Марс собран во основата на роверот „Perseverance“ на крајот на февруари по повеќе од 200 дена лет и 472 милиони километри.

Слични содржини