Употребата на Гугл во пребарување на медицински дијагнози е вообичаена практика, бидејќи милиони луѓе ширум светот бараат одговори за различни болести на интернет.
Тоа ја даде идејата за создавање на апликација која може да се дијагностицира рак преку “процена на ризикот”. Новата апликација ќе пресметува колку е голем ризикот од развој и на рак на кожата, а научниците тврдат дека веродостојноста на резултатот е 83%.
Апликацијата користи алгоритам за анализа врз основа на фрактална геометрија. Научниците потсетуваат дека редовната проверка на бенки и други дамки на кожата може да помогне за рано откривање на рак на кожата.
Апликацијата не е насочена кон идејата да го замени мислењето на медицински експерт, туку да обезбеди алатка за анализирање и следење на состојбата меѓу два превентивни прегледи. Две третини од Австралијците добиваат дијагноза рак на кожата до 70-годишна возраст, покажува статистика, а ракот на кожата претставува 80% од сите откриени видови на рак.