Селими: Албанските интелектуалци време е да излезат на дебата

од Берта Китинска
302 прегледи

Мислам дека политичкиот амбиент е оштро настроен и длабоко поларизиран, што вие доколку кажете свое мислење веднаш политички ќе ве обојат, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Сефер Селими, граѓански активист.

Околу дебатата Заев-Мицкоски, Селими вели дека од неа очекувал повеќе.

-Мислам дека дебатата беше на ниско ниво. Претежно беше насочена кон меѓусебни обвинувања и немавме суштинска дебата за работите кои ги тангираат граѓаните. Загрижувачки е тоа што освен во тоа студио таа дебата на обвинување продолжува насекаде- вели Селими.

За опциите на македонскиот политичка сцена и бенефитите и резултатите од работата на досегашната Влада, Селими смета дека оваа влада направила многу во поглед на еу-интеграциите, но и дека граѓаните бараат брзи, опипливи резултати.

-Почетокот на оваа Влада започна тензично и турбулентно, така и заврши. Беа донесени крупни одлуки чиви резултати не можеме да ги видиме во блиска иднина, но секако резултатите ќе бидат видливи. Голем дел од граѓаните тоа ќе го сфатат- рече Селими.

Слични содржини