Салма Хајек е посветена на воспитувањето на својата 17-годишна ќерка, но не можела да ја научи на едно бидејќи „ученичката ја надминала учителката“.
„Одлучи да тргне по својот пат“, рекла Салма Хајек за своeто дете кое го доби во бракот со францускиот милијардер Франсоа-Хенри Пино и додала дека младата Валентина сака да студира политички науки, но и да снима филмови. Но, таа не сака да студира режија, таа вели дека тоа и е „во крвта“ и дека сака да го помине своето време за да научи нешто покомплицирано.
Хајек откри и дека нејзината 17-годишна ќерка е вистински познавач на козметичката индустрија.
„Таа знае производи за кои не можете ни да замислите дека постојат“, коментирала актерката во изјава за „Merz Aesthetics“, објаснувајќи како нејзината ќерка ја презела улогата на нејзин консултант за убавина: „Значи, не можам да ја научам ништо. Таа е експерт.
Таа открила дека 17-годишната Валентина открила и сосема непознати корејски производи кои сега сака да ги користи со внимателно читање на составот на козметичките производи.
Инаку, корејската козметика е позната по своите иновативни формули и природни состојки кои обезбедуваат здрава, хидрирана и блескава кожа, а токму поради тоа што производите навистина делуваат и носат видливи резултати, пред неколку години станаа глобален хит меѓу љубителите на козметиката ширум светот.