620
Актерката Селма Хајек во последните денови од 2020 година се пофали со фотографии во костим за капење. Актерката ги објави фотографиите на Инстаграм, и доби над 1 милион лајкови.
„Последните денови од 2020 година. Никогаш не сум била повеќе благодарна што сум здрава и во контакт со природата“, напиша Селма Хајек.
Нејзините фанови беа воодушевени од фотографиите. Иако, актерката влезе во шестата деценија од животот, изгледа толку добро што дури и многу помлади девојки можат да и позавидат на нејзиниот изглед.
„Ни сонцето не сјае како тебе“, беше само еден од коментарите.