325
Познатата актерка Салма Хаек често привлекува внимание каде и да се појави, а сега повторно шармираше многумина со својот изглед.
Имено, таа присуствуваше на премиерата на филмот „El Sabor De La Navidad“ на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, а на црвениот тепих се појави во бело.
Салма облекла долг фустан, а својот стајлинг го комплетирала со интересна чанта.
Актерката која е позната по кадравата коса, овојпат се одлучила за промена, а многумина изјавија дека оваа фризура и стои одлично.
View this post on Instagram
Посебен шмек на се и дал бордо карминот, а Салма добила бројни комплименти за својот изглед, а многумина се оние кои го сметаат ова за едно од нејзините најдобри изданија досега.
Фото: PROFIMEDIA