Селмани: Рестриктивни мерки треба да има, но мораме да оддржуваме баланс и во име на економијата

302 прегледи

Во своето гостување во „Студио 10“, Д-р. Имер Селмани посочи дека треба да внимаваме во однос на новите бројки и соеви кои се појавија во оваа пандемија.

„Во светот бројките паѓаа и таквите очекувања дека се смирува ситуацијата, пропаднаа во вода. Ние треба да внимаваме во однос на новите соеви, а властите треба да внимаваат особено на лицата кои доаѓаат од ризичните земји. Тестирањата и бројките растат и јас лично сум за рестриктивни мерки, иако треба да се балансира, со оглед на тоа дека во прашање го ставаме и економскиот капацитет. Сепак, не можеме ние да се затвориме како некои други земји. Нам ни се бадијала мерки кај угостителите, кога рестораните и кафиќите се полни во текот на целиот ден“, истакна Селмани.

 

Слични содржини