Селмани: Со посебни конвенции и санкционирање до борба со пропагандата и дезинформациите

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Безбедноста и улогата на информациите и дезинформациите е главниот процес на одвивање на настаните во една држава како на меѓународен план така и во ниво на државата, вели Башким Селмани професор на Правниот факултет при Тетовскиот Универзитет, во интервју за ЦИВИЛ Медиа.

Тој порачува дека тие се основни компоненти кои меѓу информациите и дезинформациите и пропагандата ја играат главната улога и која виктимизира одредени цели на самите држави или дискреционите права што ги одвиват во меѓународниот план.

Според него дезинформациите и пропагандата докажано е дека не се санкционираат, и една група или една држава не може да се справи во однос со превенцијата или да ги минимизираат последиците од пропагандата, затоа треба посебни конвенции кои ќе го регулират истото или да се санкционираат одредени медиуми или индивидуи, држави во однос на пропагандата.

Слични содржини