Селмани во несреќата ги загуби ќерката и зетот: Немаме информации каде се телата

од Берта Китинска

„Починатите каде се однесени не знаеме“, вели  Асим Селмани од скопско Количани кој во вчерашната сообраќајна несреќа во Бугарија ги изгубил ќерката и зетот.

Тој додава дека пристигнале во Бугарија за идентификација на телата на загинатите, но се уште немаат информации за тоа каде се.

„Имаме информација дека не се тука. Починатите каде се однесени не знаеме, чекаме министерот Бујар Османи да дојде да ни каже информации“, рече Селмани.

Министерот за надворешни работи  Бујар Османи  утрово кажа дека доаѓа во болницата во Бугарија  да ги посети и да искомуницира со повредените, како и да ја олесни комуникациијата со смејствата и институциите во Бугарија, за да може да се забрза процесот на идфентификација на жртвите.

-Тука сум да ја олеснам комуникацијата меѓу семејствата и институциите во Бугарија.Мислам дека институциите во Бугарија ја имаат заппочнато истрагата. Тука се и нашите експерти и доколку треба да помогнат, тука се и експертите од судска медицина. Очекуваме да бидат вклучени во процесот на идентификација. Важно е семејствата да бидат информирани на време и што побрзо да се заврши овој процес за да може посмртните останки на настраданите да ги пренесеме во Скопје, рече Османи.

Слични содржини