Село во БиХ објави конкурс за невести

од Vladimir Zorba
68 прегледи

 

Босанското село Крушев До, во близина на Сребреница, кое се нарекува и „село на ергени“, објави конкурс за невести, јави радиото „Слободна Европа“.2111111616

Во минатото во Крушев До имало околу 400 жители, но сега таму живеат само триесетина бегалци-повратници, од кои повеќето мажи.

– Жените се поретко враќаат овде. Имаме 13 или 14 ергени. А и оние кои се женети, ги сметаме за ергени затоа што нивните сопруги не се со нив, изјави за радиото Заим Омеровиќ, един од селските ергени.

За да не живеат осамено, ергените кои сепак се наоѓаат во добра форма, објавија конкурс за невести.

Омеровиќ нагласи дека меѓу условите што треба да ги исполнуваат кандидатките за невесети се да знаат да готват и да чистат.