Селскиот имот на Лиз Харли

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Лиз Харли ја зголеми цената на својот селски имот со 3 милиони британски фунти, иако не може да го продаде веќе една година. Зградата на британската актерка се наоѓа во гратчето Котсуолд (недалеку од Оксфорд) и во моментов таа се надева дека ќе  најде купувач за сума од 9 милиони.7c0e066e2bb4e1fe7919d35f7e078fb9

Елизабет поседува куќа од 2003 година, а живееше главно тука, додека беше во брак со индискиот бизнисмен Арун Најар.

Селската идила на 49-годишната Харли оди со 300 хектари земјоделско земјиште, како и штала во која се одгледуваат говеда, овци, свињи, кокошки и гуски.

По разводот со Арун во 2011 година, Лиз се пресели во друг замок во англиската провинција Хертфордшир, каде пак живееше со своето момче Шејн Уорн.

По крајот на врската со Австралиецот Шејн во 2013 година, Харли се пресели да живее во Лондон, каде што студирал 12-годишниот нејзин син Дамјан.

Што се однесува до таа палата, таа дефинитивно не е карактеристична за жена која сака да поминува по црвениот тепих – тука нема тенискорт ниту базен, а главно сместена е во градини со цвеќиња. Се тврди дека токму желбата на Најар да живеат во покраината, а не во големиот град, стана проблем во односите со актерката, на која `и е здодевно од селскиот живот многу брзо.

Индиецот имал интерес за земјоделство источарството и дури почнал да прави своја марка колбаси.

663ac6e7fa3846dbfa9364735a6aab33