Селтик и Ренџерс направија договор кој ќе ги израдува сите навивачи

од Симе Стоиков
186 прегледи

Челниците на фудбалските клубови Селтик и Ренџерс се договорија за враќање на гостинските навивачи на натпреварите меѓу двата тима, почнувајќи од следната сезона.

Последните четири натпревари на овие два тима се одиграа без присуство на гостински симпатизери, главно од безбедносни причини.

По тој повод се преговараше за враќање на навивачите, а по разговорите меѓу клубовите, полицијата и претставниците на лигата, челниците на првенството потврдија дека од следната сезона гостинските навивачи ќе добиваат пет отсто од билетите.

Сепак, за да се случи тоа ќе треба да се исполнат сите безбедносни услови и протоколи.

Па така, тоа значи дека околу 2.500 до 3.000 навивачи на двата клуба ќе можат да го следат дербито на стадионот на најголемиот ривал.

Слични содржини