Сем Бенкман-Фрид доби 25 години затвор за кражба на осум милијарди долари

Освен затворската казна, на Бенкмен-Фрид ќе му биде одземен и имот од 11 милијарди долари.

од Бети Божиноска
175 прегледи

Основачот на пропаднатата крипто берза FTX, Сем Бенкман-Фрид, вчера беше осуден на 25 години затвор во судот во Њујорк за кражба на осум милијарди долари од клиенти преку својата компанијата за трговија со криптовалути, пренесува Verge.

Освен затворската казна, на Бенкмен-Фрид ќе му биде одземен и имот од 11 милијарди долари.

Судијата Луис Каплан ја донесе пресудата откако ги отфрли аргументите на адвокатите на Банкмен дека и покрај банкротот на FTX, своевремено една од најпопуларните платформи во светот за размена на дигитални валути, парите не се изгубени.

Казната што му ја одреди Каплан е покуса од казната од 40 до 50 години побарана од обвинителите, што според него е повеќе од неопходно, но подолга од шест и пол години што ги побараа адвокатите на Банкмен-Фрид и многу помалку од максималната казна за делото од 110 години.

Бенкман лани во ноември беше прогласен за виновен за една од најголемите финансиски измами во историјата на САД од судот на Менхетн, кој го товареше по седум точки од обвинението за измама и заговот со што предизвика колапс на FTX во 2022 година.

Според Каплан, Бенкмен се однесувал како „пресметлив математички гениј кој барал моќ и влијание додека свесно правел погрешни постапки“ и, иако се извинил за колапсот на берзата и серијата лоши одлуки, не покажал никакво каење за постапките.

Т.н. „крал на криптовалутите“ беше уапсен во декември 2022 година на Бахамите по налог на американското обвинителство откако неговата фрима банкротирашеи го обвини дека ги лажел инвеститорите и заемодавачите, како и дека украл милијарди долари од берзата за криптовалути, го забрзало нејзиниот колапс.

Слични содржини