Сем Смит пишува песни под туш

од Vladimir Zorba

Сем Смит призна дека обожава да пишува песни под туш и токму таму компонирал над 100 песни за претстојниот четврти албум TPH-50HR. “Напишав над 100 парчиња. Во албумот дури е вклучена една песна која ја напишав под туш и снимив на телефонот веднаш шом излегов од бањата”, рече хит изведувачот во интервју за американско радио, каде го претстави својот нов сингл Too Good At Goodbyes чија премиера се одржа денес.

Ова е првиот негов проект по неспорниот хит Writing’s On The Wall од 2015 година, вклучен во саундтракот на последниот дел од филмовите за Џејмс Бонд “Спектар”.

Во интервјуто за медиумите 25-годишниот пејач откри дека кога не пее во бањата, тој може да биде пронајден најчесто во студио или на пат. Смит дури изјави дека незаменлив дел од неговите патувања е пакетот со сите сезони на серијата “Сексот и градот”, бидејќи не може да им се насити без разлика колку пати ги гледал авантурите на Кери Бредшо и пријателките.

Сем Смит се враќа на сцената по 2-годишно отсуство. Причина за неговото условно слегување од музичката сцена беше тешката операција на говорните жици, на која тој се подложи итно малку по излегувањето на Writing’s On The Wall.

Слични содржини