Семејна драма во Гостивар: Го фатил татко му со двете раце за врат и му се заканувал по неговиот живот

од Берта Китинска
264 прегледи

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 27-годишен гостиварец за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-При вршење семејно насилство во семејната куќа на улицата „Мара Угринова“ во Гостивар, обвинетиот на 29 септември, ја загрозил сигурноста на сопствениот татко и сериозно му се заканил дека ќе нападне врз неговиот живот и тело. Во еден момент тој со двете раце го фатил татко му за вратот, но тогаш во просторијата влегла мајката на обвинетиот и успеала да го тргне.

За стореното кривично дело, јавниот обвините му предложи на Основниот суд Гостивар на обвинетиот да му определи условна осуда со утврдена казна затвор до три месеци.​, соопштија од Обвинителството.

Слични содржини