342
Вчера во 17 часот и 40 минути во Полициската станица Ресен било пријавено дека во двор од куќата на улица „Бигла“ во Ресен, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу С.А.(43) и неговиот брат С.А., по што се приклучил и синот на С.А.(43), Ќ.И. од Ресен.
Според пријавеното, С.А. се обидел со нож да ги нападне Ќ.И. и С.А.(43), но тие го совладале и го задржале до доаѓање на полициски службеници, кои го лишиле од слобода С.А.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.