Семејствата на починатите лица од ковид 19 го тужат премиерот на Велика Британија!

од Берта Китинска
268 прегледи

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон го тужат околу 2.000 семејства кои изгубија еден или повеќе членови како последица на ковид 19  во обидот да ја принудат владата да спроведе истрага, бидејќи тие сакаат правда за начинот на кој државата се справи со коронавирусот.

Досега во Велика Британија починале 124.419 лица, што е најголем број на смртни случаи од овој вирус во една европска земја.

Велика Британија е петта на листата на земји со најголем број смртни случаи зад САД, Бразил, Мексико и Индија.

Групата на семејства кои бараат правда сакаат да ја принудат владата да спроведе јавна истрага за начинот на кој Британија се бори против пандемијата, објави „Дејли меил“, пренесува Танјуг.

Слични содржини