Семејството на Николиќ се сомнева дека тој се самоубил во затворот

од Vladimir Zorba
376 прегледи

По веста за пронајденото  мртвото тело на  Никола Николиќ – Фиком, веќе сомнежи дела тоа навистина било самоубиство. Некои го насловија и како нова кофа во македонскиот затвор. Информацијата дека е пронајден обесен во тоалетите брзо се проширила низ затворското крило, и сите се зачудени од инцидентот.

nikolic_nikola_0

Од веста за смртта на Николиќ е шокирано и неговото семејство. Во телефонски разговор велат дека не бил депресивен и човек кој никогаш не би посегнал по сопствениот живот. Испратија и  фејсбук разговор со затвореник кој им вели дека Николиќ дури се радувал што ќе излезе на прв викенд , објавува Телма

Милионската аферата „Фи-ком“ се случи кон крајот на 2006 година. Неколкумина купувачи на станови што ги градела фирмата открија дека еден ист стан бил продаван по два-три пати. За измами со станови  во зградите „Антигона и 2“, „Филип“, „Ева“ и „Николина“ беа осудени сопружниците Николиќ.