Семинар за промоција на културната соработка на Западен Балкан со поддршката од ЕУ

од Берта Китинска
228 прегледи

Семинар за промоција и вмрежување на културната соработка на Западен Балкан, со поддршка на Европската унија, ќе се одржи  утре во Скопје во просториите на Делегацијата на ЕУ.

Главниот фокус, како што информираат од Министерството за култура, јавниот повик – проекти за културна соработка на Западен Балкан од Програмата „Креативна Европа“ со акцент на комплексните регионални и европски културни политики, како и градење на капацитетите.

Настанот е организиран од Канцеларијата на Креативна Европа при Министерството за култура во соработка со Европската комисија, Делегацијата на Европската комисија во Скопје, Канцелариите на Креативна Европа и претставници на културниот сектор од релевантните држави од Западен Балкан.

На  семинарot учество ќе земат претставници од земјава и странство, меѓу кои од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора и соседните земји на овој регион, членки на ЕУ: Грција, Бугарија, Словенија и Хрватска.

Слични содржини