108
Сенатот на САД ја одобри кандидатурата на Брет Кавано за Врховниот суд на САД, објавија новинските агенции.Кавано беше поддржан од 50 гласови, 48 беа против.
Гласањето на сенаторите беше проследено со улични протести . Тоа беше проследено и со нови сведоштва за сексуална злоупотреба и непристојни однесување на Кавано за време на неговите студентски години.
Во текот на изминатата недела ФБИ спроведе истрага по обвиненијата против него, при што беа проверени податоци поврзани со неговата биографија, потсетува БиБиСи.
Извештајот на ФБИ, кој беше завршен на 3 октомври, беше испратен во Сенатот. Сенаторите, сепак, не можеа слободно да го прочитаат, бидејќи документот беше достапен само во една копија, и копирањето беше забрането. Затоа, мораше да се прочита пред членовите на Сенатот.
Досега Кавано бил судија во Апелациониот суд во Колумбија.