„Сенки над Балканот“ наскоро достапна на Амазон прајм

од Elena Daskalova
510 прегледи

„Сенки над Балканот“ е прва серија од Балканот за која Амазон ги откупува правата за пренос. На Амазон прајм веќе е достапна првата сезона, а серијата се води под името „Black Sun“.

На Амазон прајм се претплатени околу 150 милиони луѓе. Во описот на серијата пишува: „Висока политика, пари, локални интерси и криминал споени во трилер сместен во турбулентната Европа во доцните 30-ти.“

Поради авторските права кои важат во Србија, тамошните гледачи не можат да ја гледаат на Амазон прајм, туку стримингот е наменет исклучиво за глобалниот пазар.

Автор на серијата е Драган Бјелогрлиќ, заедно со Стеван Копривница. Во улогите ги гледаме Драган Бјелогрлиќ, Андрија Кузмановиќ, Марија Бергам, Гордан Кичиќ, а музиката е на Мањифико.

Слични содржини