ЦИА обелодени материјали поврзани со НЛО создадени главно во периодот 1940-1950 година. Ова стана јасно од соопштение на сајтот на разузнавачката агенција на САД. Станува збор за пет документи, кои, според ЦИА можеби ќе им се допаднат на љубителите на “Досиејата Х”. Во официјалното претставување на документите се вели уште дека со нивна помош може да се побара и научно објаснување на феномени што се сметаат за поврзани со вонземски цивилизации.
Меѓу најинтересните материјали е истрага за појавата на летечки чинии над Берлин во 1952 година, а исто така набљудувања на непознати објекти во Шпанија и Северна Африка . Повеќето од нив биле доживувани како авиони на противникот за време на Студената војна.
Објавувањето на документите може да има врска и со рекламирање на познатиот серијал за агентите Молдер и Карпи, кој по 13-годишна пауза повторно излегува пред гледачите. Како што се вели во серијата, веројатно вистината е некаде таму.


