Планета слична на Венера, е откриена на 39 светлосни години од Земјата. Каменестата планета може да им даде на астрономите можност да ја проучуваат атмосферата на свет, надвор од нашиот Сончев систем.

Џи Џеј 11 32 Бе е најблиску до Земјата планета со нејзина големина, откриена надвор од Сончевиот систем. Температурата на површината и е 260 степени целзиусови. Тоа значи дека течна вода и живот во познатата форма не можат да постојат, но можно е таа да има атмосфера. Научниците веќе имаат забележано облаци, кои допрва ќе бидат истражени .