Сензација во науката: Почвата на Марс е погодна за јадење зеленчук и житни култури!

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Идните колонизатори на Црвената планета ќе можат да се хранат со ротквици, грашок, ‘рж и домати.

20140415.meoiohsqgc

Четири вида на зеленчук и житни култури, одгледани од холандски истражувач во почва, која е слична со Марс, се погодни за исхрана на луѓе, соопшти универзитетот на Вагенинген во источниот дел на Холандија, цитиран од АФП.
Идните колонизатори на Црвената планета ќе можат да се хранат со ротквици, грашок, ‘рж и домати одгледани во почва што е имитација на Марс.

Резултатите од спроведените експерименти покажуваат дека оваа храна не содржи опасни материи за здравјето количини на тешки метали, се вели во соопштението на компанијата “Марс Ванг”, која стои зад проектот за колонизација на Црвената планета и е партнер на екипата на истражувачот Вигер Вамелинк.

“Добиените резултати се импресивни. Ќе можеме да конзумираме овие ротквици, грашок, ‘рж и домати. Љубопитен сум да осознам каков е вкусот”, рече Вамелинк.