Сензационално откритие: “Исламска држава” преку Турција го облекува целиот свет!

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Џихадисти заработуваат и од трговијата со памук во Турција

силует

Терористичката група “Исламска држава” добива пари од трговијата со памук во Турција. Ова го објави ТАСС, повикувајќи се на швајцарскиот весник Tribune de Geneve.  “Памукот е еден од главните ресурси во Сирија и сега тој се наоѓа во рацете на џихадисти. Тој поминува токму преку Турција и им носи приходи на групата. На крајот на краиштата работи произведени од овој памук доаќаат и  на нашите полици. Облеката што ја купуваме, и овозможува на ИД да купи оружје и да организира нови напади “, пишува весникот. Според авторот на материјалот – економистот Мишел Санти, овој бизнис на терористите им носи пристоен приход во износ од околу 2 милиони. долари дневно. Кон нив се додаваат и средствата кои доаѓаат во групата од продажбата на нафта. Меѓу другите приходи на терористите се кражбите, убиствата и киднапирања. Така, по груби сметки, годишно ИД  си донесува приходи во износ од 290 милиони. долари.