Lincoln донесе неверојатен дизајн на концептот за електричен автономен автомобил.
На автомобилската недела во Монтереј, Lincoln го претстави L100, неговиот футуристички концепт за „електрифицирана мобилност“, кој црпи инспирација од првиот луксузен седан на компанијата, моделот L од 1922 година.
Во својата најава, луксузниот бренд на Ford, Lincoln, вели дека како и неговиот претходник пред Големата депресија, L100 покажува шокантно ниво на раскош.
„Следната генерација на батериски ќелии и технологии за пакување ќе испорача револуционерна густина на енергија“, велat od Lincoln, но не кажуваат ништо за каква технологија станува збор или колкав опсег ќе обезбедат новите батерии.
Еден од најинтересните детали кај L100 доаѓа во форма на интерактивен дигитален панел кој се наоѓа помеѓу предните седишта, а претставува дополнителен интерфејс за контролирање на сите функции на автомобилот, а покрај екранот на допир, содржи фигурина на автомобил, за која не објаснија каква ќе биде неговата функција, како што можете да видите на видеото.
Со оглед на тоа дека автомобилот е дизајниран да биде целосно автономен, нема волан и педали, така што интерактивната табла е повеќе дизајнерска функција, бидејќи може да се претпостави дека Model L 100 ќе има можности за гласовна комуникација, па навистина нема да мора да се грижите премногу за возењето.
„Концептните возила ни овозможуваат повторно да замислиме и да илустрираме како новите искуства можат да оживеат со напредните технологии и да им овозможат на нашите дизајнери покреативна слобода од кога било досега“, рече Ентони Ло, главен директор за дизајн на Ford.
Други фантастични детали за дизајнот вклучуваат ентериер со седишта од предниот ред што може да се свртат кон задните патници, дигитален под и настрешница што може да проектира реалистични анимирани сцени на подот и таванот, долг стаклен покрив и врати со шарки наназад.
Се уште нема информации дали овој концепт ќе резултира со сериско возило.