
Вградениот во дисплејот сензор за отпечаток на Galaxy S10 е релативно несигурен. Корисник во Imgur демонстрираше како го отклучил својот Galaxy S10 со помош на 3D испринтан отпечаток.
Тој фотографирал свој отпечаток од чаша, потоа го обработил во Photoshop и направил негов 3D модел со 3D Studio Max. По оваа операција човекот го отпечатил резултатот на 3D печатач и за негово изненадување, успеал да го отклучи смартфонот. Целата операција траела само 13 минути, кои беа потребни за да се добие отпечаток.
Ова не е прв случај во кој божем сигурни заштити на смартфони се докажуваат лесни за надминување со помош на 3D печатачи. Полицијата во САД успеа пред некое време да отклучи iPhone на жртва на убиство со помош на 3D принт на лицето на корисникот, а компанија за безбедност успеа да ја надмине FaceID на Apple со помош на специјална маска во вредност од 150 долари.
Добрата вест во случајот е дека сепак евентуалниот хакер, кој сака да го отклучи Galaxy S10 ќе треба да располага и со отпечаток на неговиот сопственик, за да може да ги изврши последователните операции по отклучувањето.