343
Иако првично беше објавена информација во јавноста дека Крис Нот (познат како „Мистер Биг“ во серијата) нема да учествува во снимањето на новите епизоди од серијата „Сексот и градот“, ХБО објави дека се случила промена. Славниот актер потпиша договор и наскоро ќе започне да работи на сетот.
Американскиот актер прифатил да учествува во снимањето на новата сезона, која се вика „And Just Like That“.
Тој ќе ја повтори улогата на „Мистер Биг“, а сè уште не е познато дали ќе се појави во сите десет епизоди од серијата.
„Воодушевен сум од фактот што Нот ќе се приклучи на снимањето на новите епизоди од серијата. Како можевме дури и да снимиме ново поглавје од оваа приказна без него“, изјави продуцентот на серијата, Мајкл Патрик Кинг.