
Серена Вилијамс и Алексис Оганјан планираат да се венчаат во Њу Орлеанс и на свадбата поканиле 250 луѓе.
Пред два и пол месеци двајцата станаа родители и веќе ја подигаат својата ќерка Олимпија Алексис.
Сега доаѓа свадбата. Познато е дека тенисерката избра венчаница во страстен пастелен тон, пишува Us Magazine.
Според публикацијата, Серена, исто така, подготвила и женска забава во Њујорк.
Вечерта започнала во ресторан, а подоцна девојките се качиле на специјален автобус кој ги однел до Менхетен.
Забавата завршила во ноќен клуб каде што друштвото се забавувало до три наутро.