Серхио Рико се враќа на фудбалот

од Симе Стоиков
141 прегледи

Француските медиуми синоќа навистина ја израдуваа фудбалската јавност, бидејќи објавија дека голманот на Пари Сен Жермен, Серхио Рико добил лекарска дозвола да се врати на теренот.

Шпанецот во мај минатата година доживеа страшна несреќа на јавање со коњ во Андалузија, ги скрши пршлените на вратот и доживеа мозочен удар.

Тој беше во кома 36 дена, а во болница помина околу два месеци. За среќа, се се заврши добро.

Сега е подготвен да му се врати на фудбалот, да почне да работи индивидуално, а доколку се биде според планираното, можеби веќе оваа сезона би можел да биде на голот на парижаните.

Пред ПСЖ, Рико играше за Севиља, Фулам и Мајорка.

Слични содржини