Публиката на интернет ја пофали новата серија на Нетфликс „Beef“, нарекувајќи ја серија на годината.
Стивен Јун и Али Вонг во серијата играат двајца „лути непријатели“ кои влегоа во војна по сообраќајниот инцидент.
Според официјалниот синопсис, „Beef“ ги следи последиците од сообраќајниот инцидент меѓу двајца непознати лица. Дени Чо, неуспешен и мрзлив градежен работник, се судира со Ејми Лау, независна претприемачка со живописен живот.
„Распалувањето на нивниот конфликт ги разоткрива нивните животи и врски во оваа мрачна комична и длабоко трогателна серија“, известува NME.
Откако беше премиерно прикажана на Нетфликс на 6 април, „Beef“ беше избрана за најдобра серија на годината од публиката на интернет.
Креатор на серијата е Ли Сунг Џин, а е снимена во продукција на независната компанија А24.