По многуте шпекулации, HBO потврди дека нивната серија The Idol е откажана по една сезона.
Контроверзната серија The Idol е замисла на креаторот на Euphoria, Сем Левинсон и Абел Тесфаје, попознат како The Weeknd.
Серијата имаше бројни контроверзи за време на снимањето
Серијата The Idol, во која главната женска улога ја игра Лили-Роуз Деп, имаше дополнително снимање по заминувањето на режисерката Ејми Семиц, со што вкупниот број на епизоди се намали на пет.
Дел од актерската екипа ја спомена можноста за снимање на втора сезона, иако некои упатени велат дека креаторите на серијата не ни планирале приказна која ќе се развива во неколку сезони.
„The Idol е една од најпровокативните оригинални програми на HBO и ние сме задоволни од силниот одзив на публиката. По долго размислување, HBO, како и креаторите и продуцентите на серијата, одлучија да не снимаат втора сезона. Благодарни сме на креаторите, актерите и остатокот од екипата за нивните неверојатни напори“, изјавија претставници на компанијата HBO.
HBO ги објави само бројките за гледаност за првите две епизоди од серијата, кои поминаа добро во споредба со нивните други популарни серии The White Lotus и Euphoria.
Сепак, тој интерес се намали до крајот на сезоната и негативните коментари го преплавија интернетот.