Сервер за пререгистрација на возилата со српски регистарски таблички: Курти треба да биде подготвен за последиците

од Vladimir Zorba
287 прегледи

Професорот на Универзитетот Џон Хопкинс и експерт за Балканот, Даниел Сервер, изјави дека премиерот на Косово, Албин Курти треба да биде подготвен за последиците по одлуката да не се продолжи рокот за пререгистрација на возилата со српски регистарски таблички и покрај повиците од САД и ЕУ

Сервер за приштинскиот весник „Бота сот“ изјавил дека Курти не ја гледа таа одлука како непослушност.

Курти на 23 октомври најави дека нема да се продолжи рокот за пререгистрација на возилата со таблички РКС, кој истекува на 1 ноември, и ги повика сите граѓани од српска националност од северот на Косово да го искористат преостанатото време за повторно ги регистрираат своите возила со таблички RKS, бидејќи нема да има дополнителен рок.

Слични содржини