Сеул: Кина и Русија заедно да ги спречат провокациите на Северна Кореја

од Stefanija Kuzmanovska
163 прегледи

Специјалниот пратеник на Јужна Кореја за мир и безбедност на Корејскиот полуостров, Ким Гун, денеска повика на активна соработка меѓу Кина и Русија за да се спречи Пјонгјанг да продолжи со ракетните тестови, неколку часа пред состанокот на Советот за безбедност на ОН на кој ќе се разговара за ова прашање.

Ким Гун разговарал со кинескиот и рускиот амбасадор во Сеул и побарал од нив да помогнат Северна Кореја да биде прогласена за одговорна за провокациите, се вели во соопштението на министерството за надворешни работи, пренесе „Ројтерс“.

Северна Кореја оваа година лансираше голем број балистички ракети.

Слични содржини