Сеул: Недостаток на храна во Северна Кореја, ситуацијата се влошува

од Radmila Tasevska
186 прегледи

Министерството за обединување на Јужна Кореја денес соопшти дека Северна Кореја се соочува со сериозен недостиг на храна.

„Се чини дека ситуацијата со храната во Северна Кореја се влошува“, соопшти Министерството за обединување, пренесе Ројтерс.

Така, министерството делумно ги потврди денешните изјави на јужнокорејскиот весник DongA Ilbo, според кои Северна Кореја првпат по 23 години ги намалила порциите на храна за војниците.

Министерството за обединување не можеше да ги потврди деталите објавени во DongA Ilbo, но додаде дека ја следи ситуацијата.

Државната медиумска агенција КЦНА на 6 февруари објави дека Работничката партија на Северна Кореја закажала состанок на Централниот комитет на партијата за крајот на февруари поради „многу важни и итни задачи за утврдување на правилната стратегија за развој на земјоделството“.

Според Министерството за обединување на Јужна Кореја, Северна Кореја ретко закажува такви состаноци.

Јужнокорејскиот министер за обединување Квон Јунг-се рече дека неодамнешното појавување на ќерката на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на државните настани може да биде повик за единство и лојалност кон владејачкото семејство и покрај влошената хуманитарна ситуација.

Слични содржини