Сеул: Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета

од Stefanija Kuzmanovska

Северна Кореја денеска истрела нова ракета, а најверојатно станува збор за интерконтинентална балистичка ракета, соопшти Јужна Кореја, еден ден откако Пјонгјанг лансираше помала ракета.

Јужнокорејското министерство за одбрана соопшти дека се чини дека ракетата е интерконтинентална балистичка ракета, која е оружје со најдолг дострел на Северна Кореја и способно да носи нуклеарна боева глава до која било локација на копното на САД.

За ова лансирање извести и јапонската крајбрежна стража, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини