Сеул: Воената помош за Украина ќе зависи од Русија

од Stefanija Kuzmanovska
201 прегледи

За Сеул одлуката за тоа дали да испорача оружје на Украина „ќе зависи од Русија“, соопшти денеска канцеларијата на корејското претседателство.

Кабинетот на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол соопшти дека „Јужна Кореја не може да остане со скрстени раце во однос на масакрот кој меѓународната заедница го сфаќа сериозно“.

„Од Русија ќе зависи што ќе се случи следно“, изјави неименуван функционер близок до претседателот.

Политиката на Јужна Кореја е да не доставува оружје за земјите во активен конфликт, што го отежнува снабдувањето со оружје за Украина, вели истиот извор.

„Освен ако цивили не умираат масовно, нашата сегашна позиција останува непроменета“, додаде официјалниот претставник.

Јужна Кореја ги поддржа економските санкции против Москва и испрати хуманитарна помош за Украина. Таа, исто така, неодамна потпиша големи договори за оружје со европските земји, вклучително и Полска.

Слични содржини