Популарната пејачка Северина од социјалните мрежи го избриша презимето Којиќ, а со тоа ги подгреа и шпекулациите дека нејзиниот брак е во криза.
Неодамна, на едно доделување на музички награди таа се појавила сама, што веднаш им паднало во очи на присутните, бидејќи вообичаено никаде не оди без Игор. Веднаш по манифестацијата си заминала и не останала на коктел. Тие дури ниту не разменувале пораки во текот на вечерта.
На прашањето каде е тој, кратко одговорила „Не можеше да дојде“, а во текот на вечерта воопшто не го ни спомала. Сепак, таа сè уште го следи Игор на Инстаграм. Во меѓувреме се појавија и наводи дека веќе не го следи свекорот Кеба, но добро упатените точно знаат дека единствена личност во листата на луѓе кои Севе ги следи е токму Игор.
Засега, таа нема дадено официјална потврда за ниту еден медиум, а веројатноста дека се работи само за шпекулација е многу голема. Сепак, останува прашањето зошто го избришала презимето на Игор од нејзините профили.