Северина го нападна Милан: Ноќеска го сонував синот и плачев, неопислива болка

387 прегледи

Северина Којиќ објави потресен статус на Фејсбук и Инстаграм заедно со фотографија со својот син Александар. Пејачкчата скршена, повторно го нападна Милан Поповиќ и судијката која пред 117 дена со пресуда ѝ го одзеде синот. Својот текст пејачката го насловила како Њубов во доба на корона и напишала се што ѝ лежи на душата.

„Големиот писател Габриел Гарсија Маркез напишал прекрасно дело „Љубов во доба на колера“. Јас не сум никаков голем писетел, но ќе опишам како изгледа љубов во добата на короната. Јас сум една мајка на која пред 117 дена ѝ беше одземен синот, отргнат од прегратката и однесен од своето креветче. Јас сум само една мајка која сите тие 117 дена се будеше во солзи, освен можеби 10, колку што во последните три ипол месеци преспал во нашиот дом“, започнала пејачката.

„Ноќеска го сонував… И плачев… НЕопислива е болката, измешана со чувствата поради коронавирусот и патењето на луѓето кои се заболени, а не знаат зошто. Не знаеме ниту како се лекува, ниту колку ќе трае, нема лек… Мојот „коронавирус“ трае од 28.11.2019 година, кога дознав дека синот, кој од раѓање е со мене, кој со мене живееше во среќа и веселба, искапен во љубов, со една неправосилна мерка и пресуда која дојде како корона, не се знае ниту како ниту зошто, е одземен, а во хрватското судство никогаш не се случило такво нешто“, продолжила пејачката.

Целиот емотивен текст прочитајте го во продолжение.

https://www.instagram.com/p/B9txxEjh1g2/

Слични содржини